Борисов: На Груевски не сакам ни добар ден да му кажам

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера во Софија изјави дека воопшто не комуницира со македонскиот премиер Никола Груевски.

– Кој што ме познава, знае дека со Груевски не зборувам. Не сакам ни добар ден да му кажам. Тие што ме познаваат, знаат дека избегнувам секаква средба – рече Борисов, додавајќи дека Груевски повеќепати барал да се сретнат.

Борисов рече дека не му се допаѓа тоа што се случува во Македонија, но рече дека тоа е внатрешна македонска работа. Тој истакна дека е социјалдемократ и оти нему, по таа основа, пријател му е Зоран Заев.