Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Лејк беше истражувач за безбедност во „OpenAI“, чија одговорност била вештачката интелигенција да се придржува до човечките вредности.

Фото: Mojahid Mottakin on Unsplash

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан.

Лејк беше истражувач за безбедност во „OpenAI“, чија одговорност била вештачката интелигенција да се придржува до човечките вредности. Неговото напуштање на компанијата доаѓа пред глобалниот самит за вештачка интелигенција во Сеул, каде политичарите, експертите и технолошките директори ќе разговараат за надзорот на технологијата.

Лејк ги кажа причините за неговото заминување во објава на социјалната мрежа „X“, во која рече дека безбедносната култура станала помал приоритет.

Во своите објави на „Х“, Лејк пишува дека веќе некое време не се согласувал со раководството на „OpenAI“ за приоритетите на компанијата.

Според него, треба да инвестираат повеќе ресурси за прашања како што се безбедноста, социјалното влијание, доверливоста и безбедноста за наредните модели на ВИ.

„Овие проблеми се доста тешки да се решат, и јас сум загрижен дека не сме на траекторија да стигнеме таму. Изградбата на машини попаметни од луѓето е инхерентно опасен потфат.

„OpenAI“ носи огромна одговорност во име на целото човештво“, напиша тој