АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика.

„Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен договор со кој Агенцијата за вработување на Република Македонија на Министерството за труд и социјална политика му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен оние возила кои се донација од ЕУ. За користење и управување со овие возила на Агенцијата, директорот издал и соодветни овластувања“, се вели во објаснувањето на АВРМ.

Од Агенцијата велат и дека во надлежните институции постои документација од која јасно може да се констатира дека не станува збор за каква било злоупотреба од страна на Агенцијата.