Активисти на кои им се суди во Турција пуштени од притвор

Осум активисти за човекови права на кои им се суди за наводни терористички активисти поврзани со неуспешниот воен удар во Турција во јули 2016 година, синоќа се пуштени на условна слобода, пренесуваат агенциите.

Меѓу обвинетите се и директорот на турскиот разгранок на организацијата „Амнести интернешенел“, Идил Есер, германскиот државјанин Петер Франк Штојднер и шведскиот државјанин Али Гарави.

Во истиот случај обвинети се уште двајца активисти кои не беа во притвор.

Сите обвинети ја негираат вината. Ако бидат осудени, им се заканува казна и до 15 години затвор.
Следното рочиште е закажано за 22 ноември.

Судот во Истанбул побара во притвор да се задржи Танер Килич, претседателот на „Амнести интернешнел“ во Турција, обвинет во друга постапка.

Килич се товари за „припаѓање на вооружена терористичка организација“, а другите задржани за „помагање вооружена терористичка организација“.