Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Акцијата, по повод 19 Мај, Светскиот ден на семејниот лекар, ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во периодот од 11 до 14 часот

Photo by Mufid Majnun on Unsplash

Специјалистите по семејна медицина утре ќе одржат акција наменета за граѓаните за мерење на крвен притисок, гликемија, пикфлоуметрија и давање на совети за здрави животни навики, соопшти Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина (ЗЛОМ СМ).

Акцијата ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје во периодот од 11 до 14 часот. Настанот се одржува по повод 19 Мај, Светскиот ден на семејниот лекар.

Овогодишното мото на Светската организација на семејни лекари е „Здрава планета, здрави луѓе“.