Деветгодишно девојче загина во пожар во Чаир

Деветгодишно девојче го загубило животот во пожар што вчеравечер избувнал во стан на улицата Емин Дураку, во скопската населба Чаир, информира полицијата.

Во пожарот, кој од засега непознати причини избувнал околу 23.30 часот, повредени биле уште четири лица, кои биле пренесени во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“.

Екипи на скопската противпожарна бригада успеале да го локализираат пожарот, а тим на СВР Скопје извршил увид на местото.

Како што информираат оттаму, од местото е земен материјал кој е даден за вештачење, кое треба да помогне во откривањето на причините за пожарот и во расчистување на случајот.