Играта „Genshin Impact“ прославува четири години постоење

Фанови на оваа игра се сите генерации токму поради тоа што има одлична графика, добра приказна и „долга сага” со многу пресврти и интересни заплети и расплети што е марканта каратеристика на Аниме жанрот

Genshin Impact 4th birthday скриншот од YouTube
Genshin Impact 4th birthday скриншот од YouTube

Една од најпопуларните игри од RPG жанрот е несомнено Genshin Impact која ја прославува своја четиригодишнина. Играта е креирана во целосен „аниме стил“ и симулира цртан филм со самото играње па затоа најмладите доста ја сакаат. Популарнсота на „Геншин Импакт“ е на високо ниво бидејќи станува збор за бесплатна игра за која имаме и претходни написи.

Играта е креирана од страна на популарното студио „miHoYo“, кое што е креатор на неколку други популарни видеоигри, исто така обожавани од фановите ширум свето.

„Геншин Импакт“ е игра која што може да се игра на скоро сите платформи, но најмногу ја играат на мобилни телефони и цело време е на врвот на листата за најиграна игра на Андроид и iOS.

Напредувањето и движењето нанапред во самата игра не е до толку ограничено да не може да се напредува без плаќање на „микро-трансакции“, како што е често случај.

Фанови на оваа игра се сите генерации токму поради тоа што има одлична графика, добра приказна и „долга сага” со многу пресврти и интересни заплети и расплети што е марканта каратеристика на Аниме жанрот. Сетингот е мешавина од епска фантастика и научна фантастика. Во секое ново продолжение добиваме нова прекрасна природа, пејзажи и секакви суштества и голем број на ликови – кои секогаш кога ќе се заокружи подолго патување и завршување на мисии, завршуваат со етички пораки.

По повод четвртиот роденден на Genshin Impact излезе и песна со анимиран спот којшто е доста добро прифатен од фановите на Јутјуб:

Спотот и песната се популарни поради тоа што прикажуваат сцени од целото патешествие што го доживува секој играч што ја играл играта и сезонските продолженија досега

И најдобрата карактеристика што ја нуди играта е да се ограничи колку време може дете или тинејџер да ја игра. Родителите можат да ја ограничат играта на само час и пол дневно. Во секој случај Genshin Impact е посебен и добар феномен од игра во гејмингот денес.