19-годишен Камерунец фатен на „Табановце“ со фалсификувани документи

Со него бил извршен разговор, во кој изјавил дека дозволата ја набавил од едно лице во Турција за сума од 2.500 евра.

Фото: Мета.мк / архивска фотографија

На граничниот премин „Табановце“ вчера рано наутро полицијата уапсила 19-годишник од Камерун, кој имал фалсификувана швајцарска дозвола за престој, белгиски пасош за кој има сомнежи дека е исто така фалсфикуван и два камерунски пасоша.

Како што соопшти МВР, Камерунецот најпрво дал на увид Дозвола за престој во Швајцарија, за која се покажало дека е фалсификувана. Со него бил извршен разговор, во кој изјавил дека дозволата ја набавил од едно лице во Турција за сума од 2.500 евра.

Потоа при прегледот биле пронајдени и белгискиот пасош за кој има сомнежи за фалсификат, како и две камерунски патни исправи. Тој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Потоа бил предаден на СВР Куманово за понатамошна постапка.