УСАИД започна медиумски да ги описменува наставниците

Дел од темите кои се адресираат на обуките за наставници се поврзани со типови медиуми и нивни карактеристики, улогата на медиумите, новинарството и етичките стандарди, предизвици и опасности на социјалните медиуми, велат од МОН

Фото: Министерство за образование и наука

Од 18 септември, проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, кој се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, ги започнаа обуките за медиумска писменост наменети за одделенските наставници од прво до петто одделение и наставниците по мајчин јазик од шесто до деветто одделение.

Обуките ќе траат до крајот на март следната година и ќе ги опфатат сите основни училишта во државата. Ќе се одвиваат на на македонски, албански и на турски јазик.

„Во овие шест месеци ќе се реализираат над 250 обуки и ќе се обучат над 8.500 наставници низ целата држава. Обуките кои ги следат наставниците покриваат различни сегменти од медиумската писменост кои за учениците се предвидени во наставните програми по мајчин јазик во основното образование. Дел од темите кои се адресираат на обуките за наставници се поврзани со типови медиуми и нивни карактеристики, улогата на медиумите, новинарството и етичките стандарди, предизвици и опасности на социјалните медиуми“, наведено е во соопштението од министерството.