Сирија: Уапсен Црногорец за шверц на дрога и на оружје

Триесет и седумгодишен Црногорец е уапсен во сирискиот главен град Дамаск, при обид да прошверцува наркотици и оружје за сириските бунтовниците.

Кај уапсениот Иван Поповиќ се пронајдени 6,2 килограми хероин, 23 килограми тротил и 137 детонатори.

Црногорецот е во затвор, каде ќе остане до крајот на судскиот процес.