МЗ: Вчера се аплицирани 4.148 вакцини, вкупно се вакцинирале 220.733 граѓани

Фото: Министерство за здравство

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 лица. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки, 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, додека 39 отсто со возраст над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од ова министерство потсетуваат дека, според Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес на веб страницата vakcinacija.mk , а и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.