Новинарот Кежаровски експресно префрлен од притвор во затвор

Новинарот Томислав Кежаровски, кому вчера Апелацискиот суд му ја намали казната затвор на две години, вечерва е префрлен во затворот во Шутка. Ова го потврди и неговата сопруга, која тоа го објави на својот фејсбук-профил.

„Скандалозна и политичка, а не судска одлука“, е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна за случајот „Ликвидација“, во кој беше обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок.