Облачно и студено, најмногу снег во Маврово и во Лазарополе

Времето денеска ќе биде облачно со слаб, претежно северен ветер. Претпладне ќе има услови за појава на слаб снег во западните и во северните делови од земјава. Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени.

Утринава најстудено беше во Маврово и во Крива Паланка каде се измрени минус 4 Целзиусови степени.

Највисока снежна покривка од 15 сантиметри, изутринава во осум часот е измерена во Маврово, 9 сантиметри снег има во Лазарополе, 7 во Дебар, 4 сантиметри во Тетово, 3 во Пожаране, а 1 сантиметар во Берово, Крушево и во Виница.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаб, претежно североисточен ветер и со температура до 4 Целзиусови степени.