ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е единствената опозиција што бега од избори

СДСМ продолжува да функционира според нивното деструктивно мото, колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното соопштение на СДСМ.

„СДСМ е единствената опозиција што бега од избори и бегството од избори го прославува како победа. Толкав е стравот на Заев од соочување со граѓаните. Централниот одбор вчера потврди дека му честитал на единствениот аболиран политичар што ја продолжил кризата во државата за да не се соочи со тежок изборен пораз и со казна од мнозинството граѓани. Централниот одбор му честитал на Заев за тоа што не си поднел барање за повлекување на аболицијата за „Глобал“, покажувајќи дека за сите граѓани важат законите, а само за него не“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во партијата велат дека СДСМ останува единствената партија која има лидер, осомничен дека украл 8 милиони евра.