Нов студентски марш следната недела

Следната недела ќе се одржи втор протестен марш против воедувањето државен испит на факултетите, информираат од неформалната студентска организација „Студентски пленум“.

„Драги пленумци, денеска беше одржан петтиот студентски пленум, на кој беше изгласано следната недела да се одржи втор студентски марш.
Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи коишто би ги засегнале студентите, идни и сегашни. За одбрана на нашето право на квалитетно образование, за достоинството, за солидарноста, за обединетоста!“ се  вели во соопштението од „Студентски пленум“.