Пактот е значајна декларација која ветува акција за подобар свет за утрешните генерации. Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, и понатаму државите ќе имаат свои суверени влади, коишто и понатаму ќе одлучуваат за внатрешната и надворешната политика, меѓутоа има некои заеднички светски цели околу кои е потребна заедничка соработка за да се остварат, и токму таму овој Пакт настапува на сцената. Текстот, меѓу другото, ветува побрзо придвижување кон постигнувањето на целите за одржлив развој на ОН и обврските од Парискиот договор за климатски промени, пишува Вистиномер.
Текстот го пренесуваме во целост:
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Денес се лутиме дека ни наметнуваат неизбрани т.н. “лидери”? (класичен пример беше ќурка на место на црпле).
Тек ќе видиме утре што тоа ќе значи, кога прашање е и дали воопшто ќе има избори (какви-такви).
Се прашувам кој им даде мандат на проклетниците да гласаат за т.н. Пакт за иднината? Се дискутираше во Собрание, се гласаше за ова, а? Или некој самостојно така одлучи да го предаде целосниот суверенитет?
Ќе се зборува ли воопшто на темава и во каков целофан со машничка ќе ја завиткаат?
Во склоп на објавата се споделува линк од српскиот сајт „Нулта Тачка“ кој честопати споделува теории на заговор, а во текстот невистинито се наведува дека Пактот за иднината служел за „уништување на сите ваши права“ и за „креирање на една светска влада“.
Не е точно дека со донесувањето на Пактот за иднината, „целосно се предал суверенитетот“ и не е точно дека со него „се креирала една светска влада“, ниту пак, „дека со него ќе се уништат сите ваши права“.
Пактот за иднината, (целосниот текст погледнете го овде) во себе содржи многу цели, како и други документи на Обединетите Нации, но, како што пишува „Ал Џезеира“, во него нема наведени специфики како да се постигнат тие цели. Усвојувањето на Пактот за иднината, не беше поддржано од Москва.
Пактот е значајна декларација која ветува акција за подобар свет за утрешните генерации. Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, и понатаму државите ќе имаат свои суверени влади, коишто и понатаму ќе одлучуваат за внатрешната и надворешната политика, меѓутоа има некои заеднички светски цели околу кои е потребна заедничка соработка за да се остварат, и токму таму овој Пакт настапува на сцената. Текстот ветува побрзо придвижување кон постигнувањето на целите за одржлив развој на ОН и обврските од Парискиот договор за климатски промени. Зборува за решавање на основните причини за конфликти и подобрување на обврските за човековите права и правата на жените.
Пактот вклучува два анекс документа наречени „Глобално дигитално влијание“, кој се занимава со регулирање на вештачката интелигенција и „Декларација за идните генерации“, која притиска на национално и меѓународно одлучување фокусирано на обезбедување благосостојба за идните генерации.
Пактот опфаќа низа теми, со различни нивоа на амбиции, а различни форуми и агенции на ОН ќе бидат одговорни за следење на различни теми, според Ричард Гован, директор на Групата за кризи при ОН.
Некои од предлозите се доста конкретни, како барање генералниот секретар да ја разгледа состојбата на мировните операции на ОН. Други, како што е ветувањето дека ќе се работи на нуклеарно разоружување, за жал сè повеќе реторички отколку конкретни предлози. Сепак, важно е членките на ОН да разработат соодветен план за имплементација на акциските делови од Пактот, бидејќи често гледаме светски лидери кои потпишуваат добри ветувања во ОН, а потоа не ги исполнуваат, изјави Гован за Ал Џезира.
Во документот нема многу конкретизирање за тоа како ќе се направи светот подобар.
Пактот за иднината е преполн со високи цели и обврски, но е слаб со реални, чекори што телото може да ги преземе за да ја спроведе сопствената визија. Документот тврди дека нациите „ќе го прекинат гладот и ќе ја елиминираат безбедноста на храната“, ќе ги решат глобалните празнини во финансирањето и инвестициите, ќе се обврзат на праведен мултилатерален трговски систем, ќе постигнат родова еднаквост, ќе ја заштитат животната средина и климата и ќе ги заштитат луѓето погодени од хуманитарни итни случаи. Но, молчи за тоа како ОН и нејзините членки ќе го направат тоа. Бидејќи војната на Израел против Газа, руско-украинската војна и граѓанската војна во Судан, продолжуваат да одземаат животи, тој повторно ги обврзува ОН да го поддржат Меѓународниот суд на правдата (МСП). Но, во време кога Израел јасно стави до знаење дека нема да дозволи судот на ОН да влијае на нејзината разорна војна, во која беа убиени повеќе од 41.000 луѓе во Газа, новиот Пакт не објаснува како телото планира да придобие членови, да ги следи неговите правила. Пактот дава ветување за ревитализација на обврските и обврските за разоружување на нуклеарното и биолошкото оружје, „обновување на довербата во глобалните институции“ со тоа што ќе ги направи порепрезентативни и поодговорни и ќе ги промовира и штити човековите права, вклучително и преку борбата против расизмот и ксенофобијата, анализира „Ал Џезеира“.
Документот ветува дека „ќе ја исправи историската неправда кон Африка како приоритет“ и „ќе ја подобри застапеноста“ за Азија Пацифик, Латинска Америка и Карибите.
Пактот на иднината додава дека сака да ја забрза реформата на меѓународната финансиска архитектура, да го зајакне одговорот на глобалните шокови и да ја подобри соработката за истражување на вселената.
Земјите со пактот се обврзуваат да ги слушаат младите и да ги вклучат во донесувањето на одлуките, на национално и на глобално ниво. Понатаму, да се изградат посилни партнерства со граѓанското општество, приватниот сектор, локалните и регионалните власти, да се удвојат напорите за изградба и одржување на мирни, инклузивни и праведни општества и да се решат основните причини за конфликтите, како и да се заштитат сите цивили во вооружените конфликти итн.
Евидентно е дека нема никаква фактичка оправданост на искажаното тврдење во објавата што ја рецензираме, дека на овој начин би им се одзеле суверенитетот на државите за своето сопствено одлучување и уште помалку дека би се формирала „една светска влада“.
Пактот е фокусиран на бројни теми и служи како заедничка насока на заедничко постапување на владите во смисла на поголеми напори, а не содржи конкретни чекори како тие цели ќе се остварат.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.