„За вие да правите вест, и тоа кога ние го чистиме, вие да пишувате дека коритото на реката во Тетово не се чисти”. Вака одговори градоначалникот на Тетово, Билал Касами, на прашањето поставено од новинарот на Порталб.мк околу тоа зошто не е исчистено коритото на реката Пена во населбата Дарданија во тетово, која сега е претворена во една депонија.
Касами тогаш појасни дека за овој дел од реката има посебен тендер, не само за чистење туку и за уредување на коритото.
Во меѓувреме, околу тоа кога се очекува да завршат работите, Касами изјави:
„Операторот деновиве ќе добие налог од општината да ги започне работите, ако не оваа недела, верувам дека работите ќе започнат следната недела.
Во меѓувреме и од иницијативата Подобро за Тетово побараа да се исчисти коритото во населбата Дарданија.
„Ја охрабруваме Општина Тетово да продолжи со чистењето на коритото во населбата Дарданија бидејќи депониите во реката ја загрозуваат безбедноста на жителите. Исто така, следната година во буџетот треба да се планира и уредување на коритото во тој дел и да се заврши коритото во урбаниот дел на градот“, велат од Подобро за Тетово.
На 22 септември Порталб.мк извести за загадувањето и депонијата создадена на коритото на реката Пена во населба Дарданија и за оштетеното корито.
Општина Тетово на почетокот на месецов почна да објавува на социјалните мрежи дека започнало чистењето на коритото, а потоа и дека коритото на реката е исчистено. Но, не вклучувајќи го делот од реката што се наоѓа под индустрискиот мост во населбата Дарданија каде што состојбата и понатаму е алармантна.
Порталб.мк со недели бараше одговор од Општина Тетово за овој проблем, но не добивме одговор на нашите прашања.
Во прилог се фотографии како изгледа овој дел од реката: