ДИК вечерва во уште еден обид да ја откочи теренската проверка

Попладнево во 18 часот, Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја одржи 22. седница, која е отворена за јавноста.

На седницата треба да биде разгледан и усвоен извештајот од вкрстените проверки на избирачкиот список.

Поради потреба од дополнителни консултации околу тоа како и во колкав обем да се извршат теренските проверки на сомнителните гласачи во избирачкиот список, седницата на Државната изборна комисија, синоќа, повторно беше одложена.

Од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ спорат околу бројката на сомнителни гласачи за кои треба да се изврши теренска проверка.

Според СДСМ, треба да се проверат повеќе од 200.000 гласачи, додека за ВМРО-ДПМНЕ спорни се 75.000 имиња во избирачкиот список.