Руската војска ја напушта Сирија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска му нареди на министерството за одбрана да започне со повлекување на руските сили од Сирија.

– Задачата што им беше доверена на Министерството за одбрана и на вооружените сили е целосно исполнета, затоа наредив да се започне со повлекување на главнината на нашите сили од Сириската Арапска Република – изјави Путин по средбата министрите за одбрана и за надворешни работи.

Путин изразил надеж дека повлекувањето на руските сили ќе биде поттик за да се најде политичко решение за конфликтот во Сирија