Заев: Околу 75 проценти од граѓаните се под средна класа

Битола е еден од градовите што „патат од болестa миграција“, од која е зафатена цела Македонија, изјави денеска лидерот на опозицијата, Зоран Зеав, при средбата со граѓани на Битола.

– Тоа е изразено во недостиг од квалитетна работна сила, тоа е изразено во вкупен промет на пари во општеството. Едниот дел е поради тоа што луѓето заминале, другиот дел е поради тоа што тие што останале, се сиромашни граѓани – изјави Заев.

Според него, околу 75 проценти од граѓаните се под средна класа, односно се сиромашни граѓани.

– Не можат да си дозволат, една третина од она што го заработуваат, да биде за т.н. дискрециони трошења. Значи, покрај покривање на секојдневните трошоци, да имаат и нешто да заштедат и за своите деца, да одат на годишен одмор, да купат автомобил по неколку години и сл. Тоа не им е овозможено на повеќе од 75 отсто од граѓаните во нашата земја. Сите овие податоци кажуваат дека состојбата е алармантна. „Бомбите“ или проектот „Вистината за Македонија“ ги потврдија фактите што нашите граѓани ги знаат – додаде Заев.