ВМРО-ДПМНЕ го пречекори рокот за да каже став за референдумот

Вчера помина рокот што на почетокот на минатиот месец Христијан Мицкоски го соопшти како датум кога ВМРО-ДПМНЕ ќе каже ставот за референдумот.

Се очекува денеска да заседава Извршниот комитет на најголемата опозициска партија, по што можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе соопшти дали во целост го поддржува или го отфрла референдумот, или пак ќе остави нејзините членови и симпатизери да донесат самостојна одлука дали и како ќе гласаат на референдумот.

За разлика од централата, истакнати партиски припадници веќе се произнесоа со став за референдумското прашања. Пратеникот Антонио Милошоски излезе со став дека ќе го бојкотира референдумот, а „реформаторот“ Петар Богојески дека ќе гласа, зошто и гласот „против“ е глас за Македонија.