Валс: Да се избегне излегувањето на Британија од ЕУ, но не по секоја цена

Францускиот премиер Мануел Валс денеска предупреди во Давос дека би било многу лошо ако Велика Британија излезе од ЕУ, но оти британските барања не мора да бидат задоволени по секоја цена.

– Излегувањето на Британија од ЕУ, без сомнеж, е лоша работа, особено лоша работа – рече Валс пред новинарите во Давос, каде учествува на Светскиот економски самит.

Тој рече дека потребен е договор, но не по секоја цена.