„Тврдокорни“ денеска ќе протестираат против законот за јазиците

Македонски обединети сили (МОС), „Тврдокорни“ и уште неколку здруженија денеска во 13 часот пред Собранието на Република Македонија организираат „Протест против двојазичноста и албанизација на Македонија“. Според организаторите, двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата.

Во повикот на ова здружение на граѓани се вели дека законот за двојазичноста ќе има долготрајни и несогледливи последици врз нашата татковина, дека двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата, уривање на асномските темели и де факто губење и на самата држава.

„Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на македонскиот народ. Двојазичноста треба, мора и ќе ја спречиме по секоја цена. Нема да дозволиме да се изгуби македонскиот карактер на државата“, се вели во повикот.