Таксисти го блокираа Брисел

Неколку илјади таксисти денеска го блокираа центарот на Брисел поради владиниот план да се дозволи нарачување возила преку апликацијата „Убер“, со што се поевтинува овој вид на услуга.

„Убер“ им овозможува на корисниците да нарачаат такси по цена која е трипати пониска од онаа на регуларното такси.