fbpx
Таг: СЕП

таг: СЕП

Маричиќ од Брисел: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд

Во Брисел, во тек е одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работници“, за кое вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ,  вели дека е многу важно поглавје за граѓаните бидејќи со усогласувањето со законодавството на ЕУ се отстрануваат бариерите поврзани со европскиот пазар на трудот, а неговото отворање ќе го направи македонскиот работник повеќе вреднуван. „Со...

Во Брисел продолжуваат преговорите за Поглавјето 4 за слободното движење на капиталот

Македонскиот преговарачки тим ги продолжи билатералните скрининг состаноци во Брисел, за Кластерот 2, посветен на внатрешниот пазар, со акцент на Поглавјето 4, за слободно движење на капитал. Како што истакна заменичката на главниот преговарач со Европската унија, Дрита Абдиу-Халили, Северна Македонија прави континуирани напори за усогласување на националното законодавство со европското во областа на слободното движење на капитал, што...

Во Брисел започна билатералниот скриниг за „Внатрешен пазар“

Во Брисел денеска започнува билатералниот скрининг за вториот Кластер, „Внатрешен пазар“, со скрининг состанок за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Оттаму додаваат дека делегацијата ја предводи заменичката на главниот преговарач на Р. С. Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, а присутни се и координаторот на кластерот 2, вицепремиерот задолжен...

Маричиќ: Реформите не се обврска само кон ЕУ, тие се наша должност и обврска кон граѓаните

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во обраќањето на втората панел-дискусија, посветена на „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и „Ресурси, земјоделство и кохезија“, рече дека напредокот во спроведувањето на реформите не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство во ЕУ, туку дека тоа е должност и обврска кон граѓаните. „Целта ни е јасна, реформите...

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

„Во преговарачката рамка не е наведено ниту едно прашање поврзано со историјата ниту пак со протоколот којшто го потпишавме ова лето како основа за вадење репери или мерила по кој ЕУ ќе нè цени нас. Тоа значи дека Европската комисија нема простор или начин да извлекува мерила, критериуми за исполнување во однос на историјата бидејќи тоа не е дел...

Дрита Абдиу – Халили: На 15 септември започнува процесот на ажурирање на скринингот РСМ-ЕУ

Со официјалниот почеток на преговорите РСМ-ЕУ на 19 јули годинава, се наметна потреба од итна консолидација на механизмот за координација за управување со пристапниот процес, како клучна алка за обезбедување координација и поддршка на сите реформи кои се однесуваат на процесот на европска интеграција и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација-асоцијација. Во врска со преговарачката структура и нејзината подетална функција,...

Маричиќ: Членство во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик не смееме да пропуштиме

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со германскиот специјален пратеник, Мануел Сарацин, изјави дека Владата од почетокот на мандатот покажала особен интерес за надминување на отворените прашања со Бугарија. „Покажавме силна посветеност и водевме искрен и отворен дијалог, што очигледно беше добар сигнал за ЕУ. Во тој процес, воден исклучиво од интересот на државата и граѓаните, горд...

Димитров: Преговорите за членство во ЕУ треба да почнат веднаш

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска одржа заедничка прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2021 година, како и Пакетот за проширување. Вицепремиерот Димитров истакна дека Извештајот на ЕК за Северна Македонија е јасна и недвосмислена потврда...

СЕП ги дигитализира услугите кон граѓанскиот сектор

Секретаријатот за европски прашања ќе ги дигитализира услугите кои ги нуди, па така отсега регистрацијата на проектите од странските донатори ќе може да се врши и по електронски пат. Услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во Северна Македонија за непречено функционирање", финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на британската амбасада во Скопје, а...

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада ќе бидат искористени можностите...

Панел „Патот до Брисел преку Охрид“ по повод 17 години од Рамковниот договор

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања. „Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. Преку овој панел ќе се...

Османи: Преговорите со ЕУ ќе бидат тежок, долготраен и скап процес

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлантски интеграции, Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција во владата ја презентираа преговарачката структура за пристапување на Македонија во Европската Унија за која рекоа дека е процес кој ќе биде тежок, долготраен, макотрпен, скап и каде што ќе има многу тешки политички одлуки. Османи рече дека основната функција...

Османи, Спасовски, Саљији и Манчевски ќе му реферираат на Хан за „3-6-9“

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда, Билен Саљији, како и со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, утре во Секретаријатот за европски прашања ќе има средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Од СЕП информираат дека Османи ќе ги презентира новите...

Османи: Локалните избори се круна на планот „3-6-9“ и тест за Владата

Парламентарните избори минатата година го означија почетокот на крајот на една тешка институционална и политичка криза, но означија и почеток на деблокирање на евроинтегративниот процес, изјави вицепремиерот Бујар Османи, пред почетокот на tрибината посветена на имплементацијата на мерките од планот „3-6-9“ што се однесуваат на изборите и на изборниот процес. - Иако тие избори означија некаков почеток, сметам дека следните локалните избори...

Политичката состојба во Македонија е како изгребана плоча, оцени Тимоние

Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една гребнатина на тоа што веќе е, изјави денеска во Битола францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, каде учествуваше на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“. - Посакувам што побргу да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа...

Се одржа 13. Комитет за стабилизација и асоцијација

Тринаесеттиот Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европска Унија се одржа денеска во Скопје, а во неговиот фокус беше степенот на исполнување на политичките и на економските критериуми. „Комитетот за стабилизација и асоцијација се осврна на степенот на исполнување на политичките и економските критериуми во изминатиот период, како и на степенот на имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација....

Вицепремиерот Бесими и амбасадорката Оер потпишаа писмо за соработка

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Бесими, и амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, потпишаа писмо за зајакнување на техничката соработка помеѓу двете земји. „Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, јакнење на институционалните капацитети, вклучувајќи...

Регионална конференција „Пристапни реформи во Западен Балкан“

Денеска во Скопје ќе се оддржи регионална конференција на тема „Пристапни реформи во Западен Балкан“, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Како што соопшти СЕП, воведни излагања на форумот ќе имаат македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав и германскиот заменик-амбасадор Ханс-Хелге Сандер. На конференцијата ќе учествуваат и заменик-министерот за евоинтеграции...

Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, се сретна со Мари Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и за Централна Европа и за Заедницата на Независни Држави, со која разговарал за мерките и за активностите што се преземаат во Македонија, во насока на справување со бегалската и мигранската криза. „Вицепремиерот Бесими за време на разговорот истакна дека Македонија прави...

Договорот од Пржино, клучен за почеток на претпристапните преговори со ЕУ

Неизвесно е дали претпристапните преговори на високо ниво со Евроспката унија ќе се најдат на агендата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој в петок ќе допатува во Скопје, дознава „Мета“ од високи извори во Секретаријатот за европски прашања (СЕП). - Исклучително е важно имплементирањето на политичкиот договор. Во јавноста се појавија гласини дека нереализирањето на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...