fbpx
Таг: Sasho Mijalkov

таг: Sasho Mijalkov

Мијалков се спогоди за „Империја“: Три години затвор и ќе му конфискуваат 36 милиони евра

Сашо Мијалков, осомничен во предметот „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдиле и за телевизија Телма дека Мијалков ја признал вината и се спогодил за предметот „Империја“. Деновиве, судија за извршување на...

Сашо Мијалков повторно во притвор – за друг судски случај

За помалку од половина ден, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вчеравечер повторно доби притвор од Основниот кривичен суд во Скопје. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бил поднесен предлог за определување на мерка притвор, и тоа за случајот „Плацевите на Водно“ каде Мијалков е обвинет за помагање при кривичното дело „Перење пари и други...

Сашо Мијалков доби три години затвор, Мендух Тачи три години и два месеци

Шест лица денеска добија затворски казни од Судот во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, за направени изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Најголема казна, од четири и пол години, доби поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими. Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи доби казна затвор од три години и два...

Мијалков, Камчев и останатите осомничени во „Империја“ ќе излезат од Шутка

Специјалното јавно обвинителство дало позитивно мислење дека притворот на осомничените во предметот „Империја“ може да се замени со куќен притвор, пишува „Макфакс“ повикувајќи се на свои извори. Ограничената слобода на осомничените сега е во рацете судиите од Апелација и од кривичниот суд. Ако тие одлучат, ќе бидат пуштени од притвор Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други осомничени во...

Нинџа: Сè беше под контрола на УБК и паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Упадот во Собранието на 27 април беше командуван од паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. „За заедничка Македонија“  беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ, која ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај Кирил Божиновски, рече обвинетиот...

Мијалков не беше донесен в суд, одложено е рочиштето за “Титаник 2“

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, беше одложено. Доколку рочиштето се одржеше, тоа ќе беше прво излегување на Мијалков од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, каде се наоѓа веќе девет дена. Причината за денешното одложување беше тоа што Мендух...

Мијалков денеска првпат излегува од „Шутка“

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска, првпат откако е притворен пред девет дена, ќе излезе од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. Треба да биде спроведен на судењето за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 2. Тој во Кривичниот суд требаше да има судење и минатата седмица, и тоа за случајот „Таргет - Тврдина“...

Сашо Мијалков од притвор денеска треба да биде донесен на судење за „Тврдина-Таргет“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој вчеравечер заврши во притвор, денеска од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари треба да биде донесен со полициско комби во Основен суд Скопје 1, каде му се суди во случајот „Таргет -Тврдина“. Мијалков беше приведен од хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, откако му беше одреден 30-дневен притвор поради...

Ристовска: Мијалков бил организатор на прислушувањето, имаме и докази и сведоци

Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и разузнавање (УБК) во МВР, е креатор на идејата за масовно прислушување, воден од политички и бизнис интереси. СЈО за да ја докаже неговата вина, има обезбедено многу докази, но и сведоци, кои помогнаа во обелоденувањето на аферата и расветлувањето на мотивите, порача специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешното рочиште за...

Сашо Мијалков повеќе не користи полициско обезбедување

На поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК, Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување, јави МИА, повикувајќи се на МВР. Одлуката била донесена пред празникот, поради проценка дека повеќе не постојат безбедносни ризици. По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила од...

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Макрадули во врска со судењето со Мијалков

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска донесе една пресуда за две жалби во случајот на Јани Макрадули против Република Македонија и две одлуки со кои како несоодветни ги отфрли жалбите на Емрана Хасани против Република Македонија и на Исмет Бајрамовски против Република Македонија. Со тоа ЕСЧП донесе пресуда според жалбата на Јани Макрадули на, според порталот „Сведок“, судските...

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 6 јули

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори, на 6 јули ќе продолжи судењето по предметот „Титаник 2“, во кој денеска одбраната даде воведни зборови. Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо...

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа дека не е виновен и...

Завршни зборови во судењето за луксузниот „мерцедес“, рочишта и за „Трезор“ и за „Шпион“

Во Основен суд Скопје 1, денеска повторно судиите и обвинителите се со пополнет распоред, бидејќи ќе се одржат три рочишта од најзначајните судски процеси. Во случајот „Тенк“, во кој, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба да бидат изнесени завршните зборови...

Во судница денеска Јанкулоска, Мијалков и Ѓорчев

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат две судења - за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и за обидот за убиство на Зијадин Села во нередите во Собранието на 27 април минатата година. Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски,...

Судењето за „Титаник 2“ одложено – Тачи и Ибраими го побараа обвинението на албански

Во Основен суд Скопје 1, денеска почна, па набргу беше прекинато, рочиштето од случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Титаник 2“, во кој за бројни нерегуларности на локалните избори во 2013 година се обвинети претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ,...

Мијалков ја кажа и втората адреса, судењето за „Титаник 2“ продолжува на 10 мај

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска беа на првото рочиште за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 1. Следното рочиште е закажано за 10 мај. Во врска со адресата на живеење која стои...

Во Кривичен рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“, се очекуваат Мијалков и Кочан

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат три судења за случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случајот „Трезор“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, половина час подоцна ќе почне судењето за „Труст“, во кое обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, а во 11 часот почнува...

Јеремиќ: Поранешниот македонски режим пере пари преку српската власт

Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ, денеска ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и Војислав Спаравало, директорот на фирмата СЦМГ, која ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац. Јеремиќ во изјава за белградската „ТВ Наша“ вели дека чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври годинава...

Директорите на УБК, БЈБ и врвот на МВР се гоштевале на сметка на државата

Фактури од ручеци и од вечери, чија просечна „тежина“ е околу 500 евра, од кои дел биле и во време на влошена безбедносна ситуација, презентираше денеска МВР. На фактурите се дел од трошењата за репрезентација на поранешните првите луѓе на МВР и на нивните заменици и помошници, како и на директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...