fbpx
Таг: прес-конференции

таг: прес-конференции

Владата со Протокол: Настаните да траат до половина час, половина од времето да е за новинарски прашања

Заради одржување на непречена работа на медумските работници и другите присутни на јавни настани, Владата на денешната седница донесе посебен Протокол за одржување настани со медиумско присуство. Тој содржи два дела, општи генерални насоки за сите јавни настани, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции. Според општите генерални насоки, меѓу другото, ако...

Одговорните во националните телевизии ниту го демантираат ниту го потврдуваат бојкотот на Владата

Одговорните лица во националните телевизии, ниту ја потврдуваат ниту категорично ја демантираат информацијата дека ги бојкотираат настаните во организација на владата и министерствата. Во телефонската комуникација со неколку директори и уредници на национални телевизии, Мета не доби конкретен одговор на прашањата дали се случува ваков организиран бојкот на владините настани, и ако да, од кои причини се прави тоа. Директорот...

ВМРО-ДПМНЕ ја снема и од интернет, по дебаклот на изборите

По исходот од вчерашните локални избори, на кои СДСМ извојува убедлива победа во повеќе од 40 општини уште во првиот круг, денеска целосен молк од ВМРО-ДПМНЕ, која доживеа тежок пораз. На официјалната интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ нема објави денеска. Го нема ниту синоќешното обраќање на партискиот лидер, Никола Груевски. Нови објави нема ниту на официјалниот фејсбук-профил на Груевски. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не одговараа ниту...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да ја покрие својата неспособност со апсурдни прес-конференции

Владата и СДСМ не можат да ја покријат својата неспособност со апсурдни прес-конференции на кои изнесуваат невистинити бројки и податоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. - Ставиле сè на куп, и за промоција на туризмот, и за плати на вработени, и за инфраструктура, и за сè, само за да ги напумпаат бројките и...

Нова комуникациска практика на СЈО – пресовите ќе паузираат, ќе фрчат соопштенија

Првпат во досегашното постоење, Специјалното јавно обвинителство двете нови истраги со име „Тарифа“ и „Тенк“, наместо на прес-конференција, ги презентираше во јавноста преку соопштение на својата официјална интернет-страница. Последната прес-конференција СЈО ја одржа пред повеќе од два месеци, на 18 ноември минатата година. Причината за ваквата промена во практиката на објавување истраги од СЈО официјално не ја соопштија, но тоа од СЈО...

Граѓанската асоцијација „Мост“ информираше за прес-конференциите за денот на изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ информираше дека на денот на изборите (11 декември) потврдените информации од набљудувањето ќе ги соопшти на четири прес-конференции, во 9, 11, 14 и во 19 часот, во прес-центарот кој ќе биде сместен во хотелот „Александар палас“. На прес-конференција што асоцијацијата ќе је одржи утре, со почеток во 11 часот, ќе биде најавен почетокот на набљудувањето и неговиот тек.

ДИК го објави распоредот на прес-конференциите за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) го објави распоредот на прес-конференциите што ќе се одржат утре и задутре (10 и 11 декември) во нивните простории. За утре, 10 декември, ДИК закажа прес-конференција во 12 часот, на која ќе се говори за логистиката на денот на изборите. За недела, на 11 декември, закажани се прес-конференции во 11, 14 и во 18 часот, на кои ќе...

СЈО и Андонов денеска си играат закажи – презакажи со прес-конференции

Дополнителниот заменик-министер за надворешни работи, Оливер Андонов, и Специјалното јавно обвинителство денеска „се бркаат“ со термини за прес-конференции. https://twitter.com/S_J_O_/status/788345577213943808 Пред два дена СЈО најави прес-конференција за денеска во 11 часот, на која треба да даде детали за две нови истраги во рамки на обвинителството. По вчерашното влегување на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање, дополнителниот заменик-министер Андонов на својот фејсбук-профил најави...

Финансиската полиција ги проверува јавните набавки на Општина Струмица

Четворица инспектори на финансиската полиција денеска влегле во Општина Струмица и почнале со проверки на документацијата за јавни набавки на Општината. Од Општината засега не прецизираат за кои јавни набавки се интересирале инспекторите. Во писмена рекација оттаму велат дека од страна на Општината и на нејзините служби, обезбедени и дадени на увид биле сите неопходни документи. „Не е првпат Општина Струмица...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...