fbpx

ДИК го објави распоредот на прес-конференциите за изборите

-

Државната изборна комисија (ДИК) го објави распоредот на прес-конференциите што ќе се одржат утре и задутре (10 и 11 декември) во нивните простории.

За утре, 10 декември, ДИК закажа прес-конференција во 12 часот, на која ќе се говори за логистиката на денот на изборите.

За недела, на 11 декември, закажани се прес-конференции во 11, 14 и во 18 часот, на кои ќе се соопштува излезноста на граѓаните. Од 19 часот па натаму ќе бидат соопштувани резултатите од избирачките места во живо.

– Прес-конференциите се отворени за домашните медиуми, домашните и странските акредитирани набљудувачи, странските акредитирани новинари, како и за овластените претставници на подносителите на листи на кандидати – се вели во соопштението на ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...