fbpx
Таг: министерство за финансии

таг: министерство за финансии

Тевдовски: Со новиот закон буџетите ќе се планираат на среден рок

Министерот за финансии, Драган Тевдовски најави нов ревидиран Закон за буџети кој ќе се донесе до крајот на годинава, со кој, буџетите ќе се планираат среднорочно и ќе се создадат услови за воведување Фискален совет. Измените на законот беа најавени на првиот состанок на Советот за спроведување на програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021. „Програмата е прва сеопфатна стратегија...

Левица му го замрзна членството на Бранимир Јовановиќ во партијата

Президиумот на политичката партија Левица, на седница одржана во петокот, оваа недела, донел одлука да му го замрзне членството во партијата на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти денеска партијата. Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на програмски сектор економија и член на Централниот комитет на партијата), и...

Институциите не ги спроведуваат препораките од ревизорите за финансиското работење

Државните институции имплементирале многу малку препораки од Државниот завод за ревизија по контролите на нивното финансиско работење, информираше портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Затоа, на владина седница било заклучено дека ќе бидат преземени поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошење на јавните финансии. - Многу малку препораки се имплементирани по завршувањето на ревизиите. Се носат заклучоци, но институциите...

Македонија се задолжи со нова еврообврзница од половина милијарда евра

Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денеска издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години и со каматна стапка од 2,75 проценти, соопшти Министерството за финансии. Од Министерството велат дека станува збор за „убедливо најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници, како одраз на исклучително високата доверба кај...

Договорите за јавни набавки ќе бидат објавувани на „e-nabavki.gov.mk“

За зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки, на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што во нив јавноста ќе има увид, информираат од Министерство за финансии. „Договорите ќе бидат достапни во рамките на самите известувања за склучена набавка. По спроведување на набавките договорите ќе се објавуваат на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Home.aspx#/home“, информираат...

Тевдовски: Преку софтвер ќе се следат обврските на буџетските корисници

Министерството за финансии изработи софтвер, преку кој, сите буџетски корисници ќе мора да ги пополнуваат своите неплатени обврски, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Македонска радио-телевизија (МРТВ). Тевдовски рече дека е изготвено законско решение кое ќе овозможи, да се има постојан увид на обврските во реално време. Тевдовски на 20 јули лани, информираше дека долгот на државните инстутиции заклучно...

Министерство за финансии: Приливите по основ на лични трансфери не се оданочуваат

Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција и нема промени во оданочувањето на дознаките, се вели во соопштението на Министерство за финансии. Во него се додава дека, со овие измени, се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од...

Буџетот за 2018 година денеска на седница на Влада

Владата денеска ќе ја одржи 37. седница, на која ќе го разгледа и ќе донесе одлуки за предлог-буџетот на државата за 2018 година, соопшти владината прес-служба. На седницата, како што информираат оттаму, Министерството за финансии ќе го достави на разгледување и предлог-законот за извршување на буџетот за 2018 година. Покрај буџетот, на дневен ред на денешната седница се уште неколку точки...

Предлог-буџетот за 2018 година е 3,4 милијарди евра, ќе се зголеми акцизата за нафта

Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, објави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Tој денеска ги презентираше бројките пред јавноста, граѓанските организации и пред претставниците на стопанските комори. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ наспроти 2,9 проценти лани. Ова, како што кажа Тевдовски, е во насока на постепено намалување на долгот и на фискална консолидација. Прогресивниот...

Утре почнува дебатата за предлог-буџетот за 2018 година, со покани и на затворена сесија

Министерство за финансии утре ќе организира дебата на затворена сесија за предлог-буџетот за 2018 година, на која ќе учествуваат само поканети претставници на граѓански организации, синдикати и на стопански комори. Од Министерство за финансии, за „Мета“ велат дека ќе бидат поканети оние организации што се занимаваат со теми од областа на финансиите. - Сакаме да бидеме поттик за другите министерства, да покажеме...

Државниот и јавниот долг намалени во третото тримесечје од годинава

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг за третото тримесечје годинава, според кои, има намалување на државниот и на јавниот долг во однос на претходното тримесечје. Заклучно со вчера, државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 отсто од домашниот бруто-производ (БДП), што споредено со претходното тримесечје е намалување за 9,6 милиони евра, односно...

Министерство за финансии: Нема спорни исплати кон невладиниот сектор

Министерство за финансии реагира на написите во дел од медиумите, во кои се вели дека на невладините организации се исплатени половина милион евра, појаснувајќи дека станува збор за редовни трансфери, во овој случај, кон спортските федерации, Црвен крст и кон Противпожарниот сојуз. „Извршена е исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт во согласност со планираниот буџет кон спортски...

Министерство за финансии: Ќе се почитуваат законите за исплата на платите во јавниот сектор

Министерството за финансии реагира на пишувањата во дел од медиумите, во кои се вели дека нема пари за исплата на минимална плата, и истакнува дека во однос на исплатата на платите во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите. „Во однос на минималната плата, исплатите се вршат во согласност со законските решенија и со доставените барања од буџетските корисници.Кај...

Зеќирија Ибрахими: Општина Чаир должи 2,3 милиони евра

Долгот на Општина Чаир во мај годинава, според Министерство за финансии, изнесувал 2,3 милиони евра, рече на прес-конференција Зеќирија Ибрахими, градоначалнички кандидат на Беса за Чаир. Тој се обрати до својот противкандидат Висар Ганиу од ДУИ, велејќи му дека не треба да верува на гарнитурата во Општина Чаир, чии претставници „му рекле дека Општината не должи, бидејќи тие не водат...

ВМРО-ДПМНЕ: Барањето алиби за увоз на струја е погрешен потег

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, за која од партијата велат дека е обид на Владата да се „испере за скандалозните тендери во ЕЛЕМ, кои ги добиваат фирмите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев“. „Барањето алиби за увоз на електрична енергија со однапред познат увозник е погрешен потег. Доколку новото раководство на...

Тевдовски: Економијата се придвижува, очекувам порастот на БДП да остане на 2,2 отсто

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска изјави оти очекува дека нема да има потреба од ревидирање на предвидениот пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 2,2 отсто. Според министерот, негативните показатели за порастот на економијата се привремени, а одговорноста за минусното салдо на домашниот бруто-производ вели дека е кај претходната влада, односно во проблемите кои произлегоа со автопатиштата. - Последните податоци за...

Македонското и холандското министерство за финансии потпишаа договор за соработка

Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа договор за меѓусебна соработка. Договорот го потпишаа министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски, и министерот за финансии на Холандија, Хероен Дајслблум. „Со овој договор двете министерства ќе ја прошират соработката преку размена на знаења, искуства и на информации за политиките кои се спроведуваат. Со договорот се предвидуваат...

ИСОС има обврска континуирано да постапува по поднесени барања од сметководители

Министерството за финансии реагира на известувањето на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) со кое се утврдува рок до 30 септември, за трговците-поединци и за трговските друштва да поднесат барање со придружна документација за добивање лиценца за работа и за барање упис во регистрите на Институтот. „Во Законот за вршење сметководствени работи и статутот на Институтот не е утврден рок, ниту е...

Тевдовски: Ќе има промени во буџетското планирање, се подготвува нов предлог-закон

Министерството за финансии најави нов предлог-закон за буџет со кој ќе се воведуваат промени во среднорочното буџетско планирање, најави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека од овие промени треба да произлезе фискален совет кој ќе биде алатка за контрола на финансискиот систем. - Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. До...

Министерство за финансии објави граѓански буџет за да биде разбирлив за граѓаните

Министерство за финанасии на нивната веб-страница објави граѓански буџет со цел на неекспертската јавност, на разбирлив начин да и се претстават клучните информации од буџетот на државата, информираат од таму. Тој не претставува замена за деталниот буџет и е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. „Граѓанскиот буџет се базира на податоците од ребалансот на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...