fbpx

Левица му го замрзна членството на Бранимир Јовановиќ во партијата

-

Президиумот на политичката партија Левица, на седница одржана во петокот, оваа недела, донел одлука да му го замрзне членството во партијата на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти денеска партијата.

Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на програмски сектор економија и член на Централниот комитет на партијата), и ја прифати понудената функција советник во кабинетот на Тевдовски.

„По ова, ЦК на Левица едногласно ја прифати неговата оставка и пасивизацијата на неговото членство и реши да не го сакционира на никаков начин, туку само да ја следи неговата работа во новата Влада. Но, по последниот развој на настаните, поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – Президиумот одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ во Левица, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата“, стои во соопштението.

Левица бара од министерот Тевдовски и од неговите советници, „доколку себеси сè уште се декларираат за социјалдемократи“, да престанат да ги празнат џебовите на работниците, за сметка на невоведувањето прогресивен данок со кој би ги опфатиле енормно високите приходи на олигарсите и на богатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...