fbpx
Таг: министерство за финансии

таг: министерство за финансии

На 2.000 евра приход – 240 евра вкупен данок

Не стивнуваат реакциите од бизнис-секторот, но и од граѓаните кои имаат поголеми месечни приходи по најавата на Владата дека од 1 јануари 2019 стапува на сила нов закон за данок на личен доход со кој се укинува рамниот данок и се воведува прогресивно оданочување. Даночните промени предизвикаа и повеќе дилеми околу износот и начинот на плаќање на даноците за...

 За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

Не стивнуваат реакциите од бизнис-секторот, но и од граѓаните кои имаат поголеми месечни приходи по најавата на Владата дека од 1 јануари 2019 стапува на сила нов закон за данок на личен доход со кој се укинува рамниот данок и се воведува прогресивно оданочување. Даночните промени предизвикаа и повеќе дилеми околу износот и начинот на плаќање на даноците за...

Прогресивниот данок може да предизвика одлив на мозоци и компании

Владата не ги послуша апелите на компаниите кои се занимаваат со информациско-комуникациски технологии и иновации и најави дека од 1 јануари 2019 година ќе има прогресивно оданочување од 18 отсто за примањата на лицата кои имаат месечен личен доход над 90.000 денари. Според менаџерите на компаниите од овој секторот, воведувањето на прогресивното оданочување ќе ја намали продуктивноста, ќе ја...

Даночните измени ќе удрат по штедачите, земјоделците, берзанските играчи, банките

  Министерството за финансии го објави предлог-законот за данок на личен доход со кој се воведува прогресивен наместо рамен данок кај повеќе категории обврзници односно се воведуваат големи промени во стапката на оданочувањето на различни видови доход кај граѓаните. Иако оттаму укажуваат дека станува збор за воведување праведен данок кој ќе ги опфати само лицата со високи примања, одредбите во...

Нова транша од осум милиони евра за општините за инфраструктурни проекти

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување на нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка. Со овие осум милиони евра општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на...

Тевдовски: Буџетот и трезорот ќе бидат поставени на интернет платформи

До крајот на годината само неколку клика ќе ги делат граѓаните до клучните информации во буџетот и исплатите од трезорот. Напоредно во Министерството за финансии се подготвуваат платформата „Отворени финансии„ (Open Finance) и веб-апликацијата за граѓански буџет. Ова денеска го најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата „Водење бизнис во општеството управувано од податоци“, која се одржува денеска...

Тевдовски: Шест општини ќе добијат 290 милиони денари за инфраструктура

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани за подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште. Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка. Директен...

70 милиони евра од Светска банка за подобри локални патишта

За реконструкција и изградба на локални патишта ќе се инвестираат околу 70 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку Светска банка, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договорите за финансирање на општинска инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги. -  Станува збор за средства од четиригодишната стратегија за соработка со Светска банка, кои сметаме дека...

Општините ќе може да искористат 6,5 милиони евра за инфраструктура и градинки

Општините ќе можат да аплицираат за 6,5 милиони евра за капитални проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, информираат од Министерство за финансии. Општинските власти треба да подготват предлог-проекти со кои ќе аплицираат на јавниот повик, кој Министерството за финансии ќе го објави во септември и истиот ќе го спроведува. Тој е поддржан од Светска банка со...

Министерство за финансии: Јавниот долг се намалува, враќаме стари кредити

Заклучно со 2016 година, јавниот долг учествуваше со 48,5 поценти од домашниот-бруто-производ (БДП) или 4,7 милијади евра, а на крајот на 2017 година вкупниот јавен долг е намален на 47,2 проценти од БДП. Ова денеска го одговори заменик-министерката за финансии, Ширет Елези на новинарско прашање за задолжувањето. - Само во јануари 2018 година, Министерството за финансии исплати над 200 милиони евра долг...

Авиокомпаниите задолжително ќе ги осигуруваат багажот и пратките

Авионските компании ќе бидат задолжени со закон да го осигураат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат, информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека со измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, кои ги изготви Министерството за финансии, се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките. „Законските измени уредуваат и обврска...

Фирмите ќе можат да користат 100 милиони евра од ЕИБ на есен

100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија, на есен информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека министерството изготвило Закон за гаранција, кој ќе се најде денес на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието. „Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор помеѓу...

За борба против даночна евазија и сива економија, потпишана Конвенцијата на ОЕЦД

Со цел борба против даночната евазија и сивата економија, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Советот на Европа, информираат од Министерство за финансии. „Станува збор за Kонвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Taa овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата...

Грант од 4,6 милиони евра за инвестиции во комунална инфраструктура во Гостивар

Денеска во Министерството за финансии беше потпишан договор со кој се дава грант од 4,6 милиони евра неповратни средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура во Гостивар. Договорот го потпишаа министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески директорот на ЈП „Комуналец“ - Гостивар, Исак Лазами и претставник...

Два тима победија на „Фин хакатонот“, ќе креираат веб-апликација и игри за буџетот

Два тима победија на „Фин хакатонот“ за креирање на веб-апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓанскиот буџет, кој викендов се одвиваше во Министерството за финансии. Тие ќе го делат наградниот фонд од 1,5 милиони денари, а и двата тима ќе имаат можност да го развијат својот производ и да отворат сопствена фирма преку кој понатаму ќе го пласираат. Тимот составен...

Нема ново нето-задолжување со денешната аукција, велат од Министерство за финансии

Нема ново нето-задолжување со денешната аукција, информираат од Министерство за финансии и додаваат дека на аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 22,24 милиони евра, од кои утре ќе се вратат 22,46 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. „На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ...

Поддршка од ЕК за реформите во јавните финансии

Постои силна политичка волја за подобрување на управувањето со јавните финансии, беше истакнато денеска од страна на Европската комисија, на настанот за спроведување на Програмата за реформи во јавните финансии (ПФМ) во Министерство за финансии. Пред претставници на Комисијата, вклучително и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, се обрати министерот за финансии Драган Тевдовски, кој ја поздрави заложбата на...

Тевдовски се сретна се новоименуваната гувернерка Ангеловска Бежоска

Министерот за финансии, Драган Тевдовски оствари средба со новоизбраната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Тевдовски и ја честиташе функцијата на Ангеловска Бежоска и рече дека и во наредниот период очекува добрата соработка помеѓу Министерството за финансии и Народната банка да продолжи. „На средбата беа констатирани солидната макроекономска позиција и стабилноста на финансискиот систем. Исто така, беше заклучено дека добрата...

Прва 30-годишна државна обврзница на македонскиот пазар на капитал

Денеска за првпат на македонскиот пазар на капитал е издадена државна обврзница со време на достасување од 30 години, информираат од Министерство за финансии. „Ова е сигнал за довербата на инвеститорите во македонската економија, бидејќи зголемената рочност, односно време за враќање на средствата, укажува на зголемена доверба. Големата доверба се покажа и преку двојно поголемата побарувачка на инвеститорите за 30-годишната...

Прва конференција на Министерството за финансии по повод Денот на буџетот

Министерството за финансии реализираше голем број иницијативи за подобро, поефикасно и одговорно буџетско работење на сите нивоа и на сите јавни институции, изјави денеска премиерот Зоран Заев на првата годишна конференција на Министерството за финансии, по повод прогласувањето на 2 април за Ден на буџетот. Говорејќи за економијата во државата, тој додаде дека се очекува растот на домашниот бруто-производ (БДП) да достигне...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...