fbpx
Таг: Горан Николовски

таг: Горан Николовски

Влада: Сите помагачи за бегството на Груевски ќе бидат изведени пред правдата

По денешното соопштение од седум граѓански организации кои побараа политичка одговорност, односно оставки од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов, Владата порача дека сите вклучени во бегството на Никола Груевски од земјава ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Притоа...

Граѓански организации побараа оставки од Спасовски и директорите на УБК и АР за бегството на Груевски

Седум граѓански организации денеска побараа оставки да поднесат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов. Невладините порачуваат дека тие лица мора да понесат  политичка одговорност за бегството на Никола Груевски. „Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок...

Агенцијата за прислушување (ОТА) и законот треба да бидат готови до петок

Новите законите за следење на комуникациите и за Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе го врши следењето, треба да бидат готови до петок (24 ноември) оваа недела, стои во известувањето за почетокот и рокот за подготовка на законите. Станува збор за сосема нов закон за следење на комуникациите, бидејќи во известувањето не е наведено дека ќе се изменува или дополнува закон, туку...

Копчето за прислушување најдобро е да го притиска ОТЦ, вели шефот на УБК

Системот за следење на комуникациите треба да се дислоцира од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), за да се укине монополот што Управата сега го има во овој процес, рече директорот на УБК, Горан Николовски на научно-стручната дебата „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на УБК и механизми за контрола на следењето на комуникациите“, што денеска се одржа на...

Пратениците побарале информации од УБК и од АР за 27 април и за случајот со Србија

Членовите на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разунавање (АР) од редовите на СДСМ на денешната седница побарале информации од двете служби за насилствата од Собранието од 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија. Пратенциите побарале информации за улогата на институциите во насилствата во Собранието, додека за случајот...

Шефот на УБК до вработените: Нè чекаат големи реформи во кои ќе нема простор за компромиси

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Николовски, денеска преку писмо до вработените во УБК, ја презентираше мисијата и визијата за Управата, кои, како што вели, ќе бидат водилка на патот кон „создавање нова служба во согласност со европските стандарди“. Николовски на почетокот на писмото забележува дека на позицијата директор доаѓа во време кога сликата за УБК е...

Горан Николовски – шеф на УБК, Лазо Велковски – на БЈБ, Владата донесе предлог за смена на Зврлевски

На седницата што се одржува попладнево, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, и ги избра новите  директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, односно деловите на МВР кои се задолжени за полициските сили и за тајната полиција и за контраразузнавањето. Горан Николовски...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...