Средбите со Русите беа „изгубено време“, тврди зетот на Трамп

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека за време на претседателската кампања имал четири состаноци со Русите, но демантираше дека соработувал со нив за да му помогне на сегашниот претседател.

Ниту еден од состаноците со руските граѓани и претставници, меѓу кои и со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кишљаков, не бил непримерен, наведува во соопштението Џаред Кушнер, кој за овие прашања одговара пред сенатската Комисија за разузнавачки прашања.

Од електронската пошта, која е објавена месецов, се гледа дека синот на Трамп, Доналд Трамп Помладиот, прифатил состанок во Кулата Трамп во Њујорк, во надеж дека ќе добави компромитирачки информации за Хилари Клинтон. Сепак, Кушнер тврди дека до неодамна ја немал видено таа електронска пошта, односно сè додека не му ја покажал адвокатот.
Кушнер во соопштението наведува дека Доналд Трамп Помладиот го викнал на состанок и дека стигнал со задоцнување.
Кушнер, во соопштението од 11 страници наведува дека состанокот со руско-американската адвокатка бил „губење време“ и дека морал да го замоли асистентот да го повика да излезе од состанокот.

Тој истакнува дека не соработувал со ниту една странска влада за време на кампањата и демантира дека Русите му дале пари за кој било од неговите ангажмани во приватниот сектор.

Сослушувањето пред Комитетот за разузнавање на Сенатот ќе биде од затворен тип.