Србија се премислила за екстрадицијата на Даравелски

Српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, дека има решение и дека Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција – рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за случајот со личните карти, Спасовски рече дека Специјалното јавно обвинителство ја отвори истрагата „Титаник“ и во рамки на таа истрага, се спроведуваат сите можни активности.