Словачка за 10 години би можела да излезе од НАТО, тврди Чарногурски

Во следните 10 години, Словачка би можел да излезе од НАТО, изјави поранешниот словачки премиер, Јан Чарногурски.

– Алијансата на ниту еден начин не ја чува нашата земја. Словачка со ниту една држава не е во судир, а членството во НАТО ја вовлекува Братислава во вештачко создавање конфликт со Русија. Затоа, голема е веројатноста во следните 10 години Словачка да излезе од НАТО – рече Чарногурски во интервју за рускиот весник „Известија“.

Поранешниот словачки премиер вели дека Алијансата се покажала како неспособна да се спротивстави на современите закани, со кои се соочуваат европските членки на НАТО, како што е меѓународниот тероризам и бранот мигранти.