„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 18 отсто

„Скопски пазар“ во првите девет месеци од годинава оствари добивка од 40.405.000 денари

„Скопски пазар“ во првите девет месеци од годинава оствари добивка од 40.405.000 денари, што е зголемување за 18 отсто во однос на истиот период од минатата година, кога компанијата реализира добивка од 34.205.000 денари.

Податоците во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонската берза покажуваат дека приходите од продажба опаднале за 111,4 милиони денари (1,8 милиони евра) во споредба со првите девет месеци лани.