Се одложува гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион

Сè уште не е избрана компанија која ќе ја спроведе гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион.

На петтиот по ред повик, се јавиле две компании, од кои едната се откажала, а другата побарала продолжување на рокот за евалуација.

Проектот за гасификација на 17 општини од скопскиот регион е 98,4 милиони евра, за гасификација на Централна и на Источна Македонија потребни се 28 милиони евра, а за гасификација на Западна Македонија и на Пелагонија планирани се 23 милиони евра.

Дистрибутивната мрежа во должина од 250 километри, треба да биде изградена со јавно-приватно партнерство.