Саудиска Арабија со буџетски дефицит од 39 милијарди долари

Саудиска Арабија се соочува со буџетски дефицит во вредност од 145 милијарди риали (околу 39 милијарди долари) или пет проценти од БДП следната година, објавија од локалното министерство за финансии, соопштува „Блумберг“, а пренесе „Бизнисвести.мк“.

За споредба, за оваа година, негативното салдо на јавните финансии од кралството се очекува да биде речиси три пати помало – 54 милијарди риали. Ниските цени на нафтата, го формираат основниот дел од домашниот бруто-производ на Саудиска Арабија и ќе предизвикаат голем број на промени во буџетската политика. Ќе биде ограничен порастот на трошоците за платите и за надоместоците кои формираат околу половина од вкупните расходи во дел на буџетот. Во исто време, владата ќе продолжи со инвестиции во технологијата, образованието и во здравството.