Робертсон во Битола на трибина на „Излези ЗА европска Македонија“


       
Битола, 19 септември, 2018 - 11:05 (META) 

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечер ќе престојува во Битола каде ќе учествува на јавна трибина на тема „Излези ЗА Европска Македонија“.

Британскиот политичар Робертсон, беше десеттиот генерален секретар на НАТО кој функцијата прв човек на НАТО ја вршеше во периодот од 1999 до 2004 година.

Организаторот најавува дека на трибината ќе учествува и македонскиот координатор за НАТО Стево Пендаровски, а нивни домаќин е градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Јавната трибина ќе се одржи на отворено, во дворот пред националната установа Завод и Музеј-Битола.