Проруските сепаратисти во Украина почнаа да издаваат пасоши

Проруските сепаратисти на истокот на Украина, Донецк, почнале да издаваат сопствени пасоши.

Прв сопственик на новиот црвен пасош е Александар Захарченко, лидер на сепаратистите во Донецк.

– Овој документ е доказ за тоа што сме способни да направиме за да се заштитиме и што сме постигнале – рече Захарченко и додаде дека новиот пасош е важен за претстојните локални избори.

Документот кој на насловната страница има двоглав орел, ќе им овозможи на властите да влезат во Русија.

Киев истакна дека локалните избори мора да се одржат според законите на Украина и со набљудувачите на ОБСЕ, два услова кои сепаратистите ги отфрлија.