Промовирана брошурата „Тетово, град на мултикултурно наследство“

„Тетово, град на мултикултурно наследство“ е новата информативна туристичка брошура, која се промовираше во Уметничката галерија во Тетово. Брошурата ја изработи Француската алијанса во Тетово, во соработка со партнерите: Младински образовен форум и Планинарски клуб „Јелак“. Брошурата содржи информации и слики за историски објекти во Тетово, историско значајни места во руралните средини и за природни предели од Шарпланинскиот масив.

– Ја изработивме оваа брошура, за да го истакнеме културното и природното богатство на Тетово и на регионот, кое е многу малку познато. Во брошурата има информации за разни цркви, џамии, природни предели и слично – изјави Жули Шамберленд од Француската Алијанса – Тетово.

Брошурата „Тетово, град на мултикултурно наследство“ е изработена во тираж од 300 примероци, на англиски и на француски јазик, по цена од симболични 150 денари.

Собраните средства од продажбата на брошурата ќе се искористат за нејзино реиздавање. Дистрибуцијата ќе ја вршат локалните партнери.