Променливо облачно, локален дожд на југот и на западот од земјава

Времето денеска биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, на југот и на западот од земјата ќе има појава на локален дожд и грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 30 степени.

Во Скопје и во околината се очекува променливо облачно време со повеќе сончеви периоди, проследено со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.

Од утре се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура, која в недела во некои делови на земјата ќе достигне и 32 Целзиусови степени.