Приведено лице, под сомневање дека поседува фалсификуван пасош

Вчера на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, на влез во државата, приведен е М.А.Д. (55), поради постоење основи на сомневање за поседување фалсификувана бугарска патна исправа и лична карта.

Истиот е предаден во полициската станица во Гази Баба за понатамошна постапка.