Полицијата во Берлин изврши рација на повеќе локации и пронајде оружје и муниција

Полицијата во Берлин извршила рација на повеќе места во градот и запленила оружје и поголемо количество муниција, а едно лице е приведено, пишуваат германските медиуми.

Рацијата била спроведена на четири локации во рамките на потрагата по маж за кој постои сомневање дека е поврзан со исламските екстремисти.

При акцијата бил приведен 40-годишен Германец, кој во текот на денот треба да се појави пред судот.

Властите наведуваат дека рацијата била спроведена по повеќемесечна истрага и дека одлучиле да дејствуваат поради страв дека оружјето може да биде искористено за напад.