Падна цената на нафтата на светските берзи

На светските берзи падна цената на суровата нафта поради сè поголемите резерви со кои располагаат САД и сè посилниот долар.

Американската лесна нафта за испорака во април на берзата во Њујорк поевтини за речиси половина долар на 44,37 долари, додека нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 54,21 долари, што е поевтинување за 46 центи.