Организацијата „Отворено општество“ е непожелна во Русија

Руското обвинителство денеска утврди дека Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос и Фондацијата „ОСИ асистенс“ не се пожелни во Русија, затоа што, ако што наведуваат од обвинителствто, тие претставуваат закана за уставниот поредок на Русија.

Портпаролката на обвинителството, Марина Гридњева, изјави дека одлуката е донесена врз основа на барањето на Советот на федерацијата (горен дом на парламентот) од јули годинава, за вклучување на овие организации на листата непожелни невладини организации.

На листата меѓу другите се и и-Национален фонд за демократија, Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт за меѓународни прашања и „Фридом хаус“.