„Охрид крафт експо“ за побогата туристичка понуда

Денеска и во наредните два дена, на плоштадот „Крушевска Република“, кај стариот охридски чинар,  ќе се одржува Манифестацијата „ Охрид крафт експо“, како нова форма за збогатување на туристичката понуда.

Искусни занаетчии ќе понудат дел од своите уникатни ракотворби, особено интересни за странските туристи, бидејќи тоа е дел од богатата традиција и културата.

Традиционалното занаетчиство, на овој начин, станува дел од алтернативните форми на туризмот, додека промоцијата на туристичките производи, директно придонесува кон збогатувањето на туристичката понуда на градот, велат организаторите.

Манифестацијата „ Охрид крафт експо “ ќе се одржува со почеток во 17 часот.