Обдукција врз телото на Американецот што се самоуби во Охрид

Полицијата денеска потврди дека Американецот што вчера попладне падна од шести кат во зграда во центарот на Охрид, всушност, намерно си го одзел животот.

Денеска ќе биде извршена обдукција врз неговото тело, која треба да покаже под какви околности странецот го извршил самоубиството.

Странскиот државјанин имал изнајмено стан во центарот на Охрид, во зграда кај поранешната автобуска станица.

Во моментот кога го извршил самоубиството скокајќи од балконот, немало никој со него во станот, велат од полицијата.

Несреќата се случи вчера, околу 16 часот.