„Нокиа“ замина во историјата, пристигна „мајкрософт лумиа 535“

Микрософт Лумиа ќе се продава за 130 долари
Микрософт Лумиа ќе се продава за 130 долари

„Мајкрософт“ го лансираше „лумиа 535“, новиот паметен телефон кој не е со логото на „Нокиа“, туку од заедната страна го има логото на „Мајкрософт“.

„Лумиа 535“ има екран од пет инчи, резолуција од 960 х 540 пиксели, четиријадрен процесор од 1.2GHz и еден гигабајт рам-меморија. Задната камера на телефонот има пет мегапиксели, исто како и предната, која има широкоаголен објектив.
Телефонот тежи 146 грама и има димензии 140 х 72 х 8,8 милиметри.

Цената на новата „лумиа 535“ изнесува 110 евра, односно 130 долари што е зголемување во однос на предходната „лумиа 530“, која се продаваше за 114 долари. Паметниот телефон ќе се продава во црна, бела, сива, сина, портокалова и во зелена боја.