Митрополитот на грчката православна црква Дамаскин, во Охрид се сретна со владиката Тимотеј

Митрополитот од грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата епархија, беше на поклоничко патување на светите места во Охрид.

При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со неговото високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

Митрополитите размениле и пригодни пасхални подароци.